Објавено на:

Стана 100 евра поскапо да се добие бугарски пасош со адреса во Ќустендил

t

Таксата за добивање адреса во Ќустендил за барањето за добивање бугарско државјанство се зголеми на 100 евра, а бројот жителите на Ќустендил кои сакаат да ја „позајмат“ адресата драстично се намалил бидејќи е намален капацитетот и на градот и на околните села, објави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на изјави на инволвирани во постапката.

Како што стои во објавата, пред 10-15 години на сопственикот на имот кој ја давал својата адреса за регистрација при поднесување барање за државјанство му се исплаќале по 50 лева, односно четири пати помалку од сега. Тогаш на една адреса биле пријавени над 500 луѓе.

Сега тарифата е зголемена на 100 евра и поради малата понуда на адреси, едноставно капацитетот на градот е исцрпен.

Инаку, во Општината се пријавени 15.000 лица со двојно државјанство, што е околу 15 отсто од запишаните гласачи во избирачкиот список за претстојните избори на 2 април.

Според објавата на радиото, се добива впечаток дека во последните месеци откако се влошија македонско-бугарските односи, во соседната земја ескалирале антибугарските чувства и се намалува бројот на апликанти за бугарско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…

Стана 100 евра поскапо да се добие…

Таксата за добивање адреса во Ќустендил за…

И Русите ќе ги прават Бугари: Бугарија…

Некои од водечките руски банкари добија бугарски…

ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива aтeнтат врз Вучиќ, од…

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски.…