Еве каква оценка и даде американската „Стандард и Пурс“ на македонската економија и денарот

t

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви минатата година се зголемени, додека банкарскиот систем, исто така, е стабилен. Домашната побарувачка е главен фактор на економскиот раст, во услови кога курсот на монетарната политика сѐ уште е олабавен, заради обезбедување доволно простор за постојано економско закрепнување. Ова се накусо заклучоците за монетарниот дел на реномираната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во извештајот во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава ‒ „ББ-“, со стабилен изглед.

Нема промени во фиксниот курс на денарот, додека девизните резерви минатата година пораснаа за 8,4%, се наведува во извештајот на агенцијата. Растот на девизните резерви, коишто достигнаа 3,6 милијарди евра во 2021 година, овозможува доволна девизна ликвидност за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Од агенцијата забележуваат дека има и дополнителен заштитен механизам, односно дека Народната банка има можност за обезбедување дополнителна ликвидност во евра преку репо-линијата од 400 милиони евра, којашто Европската централна банка ѝ ја додели на Народната банка со можност на користење до март годинава. Досега, таа можност не е искористена, но може да се употреби при остварување екстерни ризици.

Придвижувањето на стапката на инфлацијата е резултат на надворешни фактори, како растот на цените на енергенсите и на храната, забележуваат во извештајот од „Стандард и Пурс“. Тие очекуваат стабилизирање на овие притисоци во 2022 година, како резултат на забавување на растот на цените на храната. Агенцијата за кредитен рејтинг очекува дека стапката на инфлација во земјава за годинава ќе изнесува 2,6%, за догодина 2% и за 2024 и 2025 година ‒ 1,8% и 1,5%, соодветно.

Банкарскиот сектор е стабилен, посочуваат од „Стандард и Пурс“. Адекватноста на капиталот е зголемена и изнесува 17,3%, додека нивото на нефункционалните кредити изнесува 3,6%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

„Стандард и Пурс”: Денарот е стабилен

Курсот на денарот останува стабилен, додека високо…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…