Станува јасно кој притискал за одбивање на аболициите на Иванов – Мицкоски во одбрана на Беса Адеми
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, после повеќемесечно газење на законите и непочитување на институциите, денеска мораше да се појави пред Судскиот совет и да објасни зошто го понижувала и одбивала да доаѓа на седниците на советот каде е член по службена должност.
Наместо да ги оправда отсуствата и да образложи зошто не можела да дојде на седниците, што и е законска должност, Адеми продолжи со препотентниот однос и апсолутистички се стави над законите.
Во стилот на Луј 14 и неговата максима „државата тоа сум јас“, Адеми самата прогласи „судството, тоа сум јас“ и постапката против неа ја прогласи за историска, нешто што беше дел од ПР стратегиите на Мицкоски и Заев.
– Ова не е обична расправа. Исходот на оваа постапка ќе ја одреди судбината на нашето судство. За нас ова е многу значаен историски ден. По исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина, за неговата независност. Тука станува збор за постапка на одговорност на претседателот на највисокиот суд на државата и ги тангира сите чинители во правосудниот систем, рече Адеми на расправата за нејзина дисциплинска одговорност.
Адвокатката на Адеми, блиска соработничка на првиот правен советник на Мицкоски
На општа зачуденост на правната фела, Адеми на денешната расправа се појави во придружба на адвокатката Павлина Зефиќ-Јакимовска и многумина си го поставија прашањето дали преку таквиот избор на правен застапник, претседателката на Врховниот суд сакала да испрати порака дека зад неа стои првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а индиректно и Зоран Заев. Токму Зефиќ важи за блиска соработничка на адвокатот Панче Тошковски кој е правен советник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО ДПМНЕ.

Во кулоарите се говори дека благодарение на тие врски и познанства, вклучувајќи го и делењето на простории со Тошковски, Зефиќ не била заборавена од општините водени од ВМРО ДПМНЕ, па добила ангажмани како правен застапник таму каде што опозицијата ја има локалната власт.
Зефиќ ја отвара својата канцеларија во 2014 година, па малку и зачудува фактот што претседател на Врховен суд избира да ја застапува и не така искусен адвокат. Зефиќ изминатиов период се истакна во јавноста со ставови блиски до ставовите на Мицкоски. Таа жестоко ги нападна измените во Кривичниот законик, пишувајќи „за разлика од помилувањата на Хорхе за 56 луѓе, власта со измените на КЗ ќе ги заштити сите криминалци во државата и ќе ја аминува пљачката на народот од функционерите!“.
Зефиќ заедно со Тошковски го бранеа полицискиот функционер Митко Пешов во случајот „27 април“.
Во своите интервјуа, Зефиќ ја истакнува потребата од почитување на праксата на Европскиот суд
за човекови права во Стразбур, но не и пречи тоа што Адеми одбиваше да свика општа седница на
која што Врховниот суд би ги испочитувал препораките на ЕСЧП и би одлучил по аболициите на
Иванов.

Доколку официјалната причина за отварањето постапка против Адеми беше нејзиното непочитување на законските обврски и непојавување во судскиот совет, како и паушалните изјави
за притисоци врз судот без да се приложат конкретни аргументи во институциите, неофицијално
медиумите блиски до поранешниот прв човек на СДСМ пишуваа дека Адеми се спротиставувала
околу закажувањето на општа седница на Врховниот суд по однос на аболициите дадени од
поранешниот претседател Иванов.
Затоа и се поставува прашањето, дали Мицкоски заедно со Заев ја охрабриле Адеми да не носи
одлука и да ја препушти одговорноста на Стразбур.
Адеми со ист вординг како Мицкоски
Кој и го пишувал воведното обраѓање на Адеми пред судскиот совет засега не се ззнае, но тоа што
се знае е дека прилично наликува на обраќањата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан
Мицкоски.
Во бројни наврати во минатото, особено кога од некои одлуки зависела неговата лична кариера
како лидер на партијата, Мицкоски сакал тие моменти да ги прогласува за историски, без разлика
што подоцна се покажало дека станува збор за погрешни проценки, блеф и уште едно
промашување во низа.
Јавноста памети дека исто како што Адеми прогласува историски важна одлука, така и Мицкоски
најавуваше историски најголема победа на изборите во 2020 година.
Најголем демант пристигна од историјата. Не само што тој не ја извојува историски најголемата
победа, туку коалицијата што ја предводеше ги загуби изборите и остана во опозиција.

Исто така како историски чекор и за ВМРО ДПМНЕ и за Македонија, Мицкоски си ја протолкува и
коалицијата со Алијанса и Алтернатива во 2021 година. Историјата повторно го демантираше и
покажа дека станувало збор само за заштита на лични интереси и ништо повеќе. Албанскиот
партнер му го сврте грбот и сега е дел од владата.

Дали историјата ќе ја демантира и Беса Адеми ќе се знае наскоро откако Судскиот совет ќе ја
соопшти одлуката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…