Стан полн со ножеви, знамиња на ИД насекаде по ѕидовите: Еве како изгледа домот на екстремистите во Нови Пазар
При претрес на стан на уапсен екстремист во Нови Пазар, пронајдени се повеќе парчиња оружје и знаме на Исламската држава!
На видеото се гледаат сабји, мачети, ножеви, секира и бројни знамиња и пораки на Исламската држава.
Да потсетиме, за време на жандармската истрага пред израелската амбасада беа приведени и испрашани неколку екстремисти – потенцијални терористи.
Покрај Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, при претресот во Нови Пазар е приведен и Кемал Беговиќ. Му го одзеле елекот со таканареченото знаме. Исламска држава на грб.

Ивица Дачиќ претходно зборуваше за грозоморното видео на екстремистот.
„Меѓутоа, имате и други работи, пронајдено е видео со едно лице каде со нож во рака се заколнува на верност на таканаречената Исламска држава. Кога ќе погледнете што има во становите на тие луѓе, ќе видите дека тие се членови на екстремисти“, додаде Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…