Објавено на:

Стаорци го окупираа Колосеумот во Рим

t

Градските власти во Рим денеска објавија дека преземаат мерки за спречување на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодарите кои шетаат во близина на античкиот амфитеатар.

Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси, за италијанските медиуми изјави дека во петокот вечерта и рано утринава била започната „специјална интервенција“ за да се осигури дека луѓето можат безбедно да се шетаат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија, пренесува Ројтерс.

Акцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде што се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.

Според соопштението, во градот има околу седум милиони стаорци или 2,5 за секој жител.

Алфонси рече дека зголемувањето на туристите кои патуваат во Вечниот град ова лето, заедно со топлотниот бран, доведоа до зголемување на ѓубрето, што го фаворизираше одгледувањето глодари.

Рим долги години се бори со проблемот со насобраното ѓубре, кое често се фрла на улиците покрај преполните канти, наведува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена Бугарка во Рим, со секира им…

Бугарска државјанка е уапсена денеска откако им…

Трагедија: Четири лица починаа во пожар во…

Четири загинаа во пожар во болница во…

(Видео) Лав избегал од циркус близу Рим,…

Жителите на италијанскиот град Ладисполи во близина…

Асанж ќе стане почесен граѓанин на Рим!

Поранешната градоначалничка на Рим, Вирџинија Риџи денеска…