Старица платила 20.000 евра на лажна докторка за да ја оперира нејзината ќерка – ова се деталите

t

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана.

Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старица платила 20.000 евра на лажна докторка…

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР…

Што им кажал генерал Апостолски на Бугарите…

На денешен ден, 7 август 1987 година,…

Меџити за навивачките инциденти ги искара судиите:…

Судството кога треба не дејствува, а кога…

Меџити се надева дека дивоградбите во Чаир…

Првиот вицепремиер Изет Меџити смета дека дивоградбите…

Жената го прободе сопругот, а тој претходно…

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип,…