Стари хермелини, на кои им се инсталирани резервоари за вода и пумпи, ќе се борат со пожарите
Дирекција за заштита и спасување доби пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари.
Станува збор за стари армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање за справување со пожарите во земјава.
Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермелини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.
Директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по презентациијата на опремата и возилата, рече дека за разлика од минатите години сега имаме многу повеќе ресурси.
-За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за справување со пожари. Овие возила со резервоар за вода од 1,5 тони може да стигна до места, на кои и најсовремени џипови не би можеле, изјави Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стари хермелини, на кои им се инсталирани…
Дирекција за заштита и спасување доби пожарна…
Три активни пожари во Македонија
Центарот за управување со кризи информира дека…
Костова: Мицкоски е виновен за отворање на…
Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што…
Четири пожари се активни, секаде гори квалитетна…
Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00…
Опасни артилериски гранати пронајдени во Прилепско и…
Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во…