Стармер: Британија ќе распореди воени бродови во Арктикот

t

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Обединетото Кралство годинава ќе распореди носечка ударна група од воени бродови во Арктикот, објави „Скај њуз“.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција во саботата, премиерот изјави дека овој потег е демонстрација на посветеноста на Британија кон своите сојузници.

– Денеска можам да објавам дека Обединетото Кралство годинава ќе ја распореди нашата носечка ударна група во Северниот Атлантик и во Арктикот, предводена од (носачот на авиони, н. з.) ХМС Принс оф Вејлс, која ќе дејствува заедно со САД, Канада и со други сојузници од НАТО во силна демонстрација на нашата посветеност на евро-атлантската безбедност – изјави тој.

Ова доаѓа по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годинава дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд. Трамп тврдеше дека Данска, под чиј суверенитет е Гренланд како автономна територија, не прави доволно за да го одбрани од закани од Русија и Кина.

Стармер во својот говор силно ја нагласи посветеноста на европската безбедност.

Подоцна САД се повлекоа од ваквите закани, но геополитичката клима и понатаму изгледа сè понесигурна.

Русија продолжува со војната во Украина – потег што премиерот го оцени како „огромна стратешка грешка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стармер: Британија ќе распореди воени бродови во…

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Обединетото…

Анушиќ: Декларацијата за одбранбена соработка меѓу Хрватска,…

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…

Кавадарчанка измамена за за 180.000 денари –…

Дваесет и осумгодишна жителка на Кавадарци пријавила…

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди…

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека…

За еден ден приведени 15 возачи –…

Петнаесет возачи биле лишени од слобода во…