Објавено на:

Стармер: Ендрју треба да биде подготвен да сведочи пред Конгресот на САД за врските со Епстин

t

Принцот Ендрју Мaунтбатен-Виндзор „треба да биде подготвен“ да сведочи пред американскиот Конгрес за своите врски со Џефри Епстин, откако се појави во неодамна објавени документи поврзани со осрамотениот педофил, изјави британскиот премиер Кир Стармер.

Пристапот „фокусиран на жртвите“ во случајот Епстин е причината поради која Ендрју треба да ги сподели информациите „во каква било форма“, доколку тоа биде побарано од него, додаде Стармер.

Во најновиот сет документи објавени од американското Министерство за правда се појавуваат фотографии на кои Ендрју клечи на сите четири над неидентификувана жена.

Фотографиите се дел од повеќе од три милиони документи што беа објавени во петокот.

По пристигнувањето во Јапонија, последната етапа од неговата посета на Источна Азија, Стармер беше прашан дали Ендрју треба да се извини и да сведочи во конгресната истрага за Епстин.

– Пред сè, на ова прашање секогаш му пристапувам имајќи ги на ум жртвите на Епстин. Тие мора да бидат приоритет. Дали е потребно извинување – тоа е работа на Ендрју, изјави британскиот премиер.

– Но, кога станува збор за сведочење, отсекогаш сум велел дека секој што има информации треба да биде подготвен да ги сподели во која било форма што ќе му биде побарана, бидејќи не може да се тврди дека сте фокусирани на жртвите ако не сте подготвени да го направите тоа, додаде тој.

Најновите фотографии, објавени во документ од 100 страници, прикажуваат и како поранешниот војвода ја допира стомачната област на жената, додека во позадина се гледаат нозете на друга неидентификувана личност поставени на маса.

Фотографиите немаат опис, ниту е познато кога се направени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стармер: Ендрју треба да биде подготвен да…

Принцот Ендрју Мaунтбатен-Виндзор „треба да биде подготвен“…

СДСМ: Нема одговор за дрогата од 5…

Соопштение на СДСМ: Нема одговор од ВМРО…

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СОЛУН И ГРЦИЈА…

Цените на недвижностите во деловите од Грција…

Филипче: Оваа влада нема да издржи до…

Оваа влада нема да издржи до 2028…

Норвешката принцеза со години имала контакт со…

Норвешката принцеза е вмешана во уште еден…