Стармер открива за што бил состанокот со Мицкоски: Ги собрав лидерите за да го решиме проблемот со мигрантите
Премиерот на Велика Британија Кир Стармер открива за што се разговарало на средбата со Мицкоски и која е целта на овие средби и состаноци кои британската Влада ги има со лидерите од регионот.
Британскиот премиер открива дека главната тема биле мигрантите.
-Низ Западен Балкан има криминален автопат, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.
Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат.
Денес ги обединувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик.
Во соопштението пак кое го испрати премиерот до јавноста никаде не се споменува зборот мигранти иако неговиот британски колега на Х објави дека тоа било главната и единствена тема.
На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот, додаде Мицкоски.
Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот, нотира во објавата.
Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, нотира во објавата на фејсбук премиерот Мицкоски.
Вчера британски Тајмс објави дека Македонија е една од државите од кои Стармер бара да изградар мигрантски центри.
Но Мицкоски го одбил барањето на Тајмс да да даде интервју на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стармер открива за што бил состанокот со…
Премиерот на Велика Британија Кир Стармер открива…
Под истрага 12 лица осомничени за лихварство…
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…
Мицкоски на средба со Стармер
Во рамките на посетата на Самитот за…
Караница за дневница завршила со пукање и…
Денешниот пожар и пукање во „Ќациленд“ се…
Вонредна есенска дератизација на територија на Општина…
Службите на Општина Центар заедно со Институтот…