Стармер разговараше со Трамп откако беше искаран дека не е верен сојузник
Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денеска разговараа по телефон за ситуацијата на Блискиот Исток откако Трамп упати остри критики до Обединетото Кралство и нејзините лидери, објави „Гардијан“.
Според соопштението од Даунинг стрит, двајцата лидери разговарале за најновите случувања на Блискиот Исток и воената соработка меѓу САД и Обединетото Кралство, вклучително и користењето на базите на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во поддршка на колективната самоодбрана на партнерите во регионот.
Британскиот премиер изразил искрено сочувство до претседателот Трамп и американскиот народ по смртта на шест американски војници за време на конфликтот со Иран.
Разговорот се случи еден ден откако Трамп го критикуваше Обединетото Кралство за тоа што веднаш не ги поддржа нападите на САД и Израел врз Иран.
На социјалните мрежи, тој ја опиша Велика Британија како некогаш голем сојузник и го нападна Лондон затоа што штотуку почна сериозно да размислува за испраќање носач на авиони на Блискиот Исток.
Тој му рече на Стармер дека не им требаат повеќе, додавајќи: „Ќе го запомниме тоа. Не ни требаат луѓе што се приклучуваат во војни откако веќе сме ги добиле!“
Трамп неколку пати го критикуваше Стармер во последните денови. Во вторникот во Белата куќа, тој рече дека не е задоволен од британскиот премиер.
Стармер одговори на критиките велејќи дека на Обединетото Кралство му треба сериозност, а не политички игри.
Во статија за „Сандеј Мирор“, тој изјави дека неговата влада е фокусирана на безбедноста на земјата.
„Додека опозициските партии се обидуваат да ја поткопаат Британија на светската сцена, мојата лабуристичка влада е фокусирана на заштита на британскиот народ дома и во странство“, напиша тој.
Тој претходно, исто така, рече во британскиот парламент дека не е подготвен да ја вклучи земјата во војна ако не е убеден дека постои правна основа за тоа и изводлив, добро развиен план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стармер разговараше со Трамп откако беше искаран…
Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер…
Кина е подготвена да го угости Трамп…
Кина се надева дека тековната година ќе…
Трамп тврди дека САД ја уништиле иранската…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската…
Пристигна авионот од Дубаи со првата група…
На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од…
Техеран се закани дека ќе нападне нафтени…
Иранската армија денеска се закани дека ќе…