Стар рецепт за напиток кој го преродува организмот: Како да го подготвите?

t

Ви претставуваме едноставни упатства за подготовка и консумирање на стар лек кој има цела палета на благотворни ефекти врз здравјето и имунитетот.

Лукот и лимонот се познати по своите лековити, антивоспалителни и антисептички својства, но и како моќни сојузници во зајакнувањето на вашиот имунитет.

Освен што помага за чистење на наслагите на крвните садови, овој напиток ја подобрува нивната еластичност со тоа што го спречува пукањето, а со тоа и појавата на крварење.

Исто така, помага да се намали ризикот од срцев удар, мозочен удар и ангина пекторис. Со оглед на тоа што оваа комбинација има и антиоксидативно дејство, поволно делува на имунитетот како и на појавата на тумори. Покрај тоа, може да помогне во намалување на нивото на холестерол и триглицериди.

Потребни состојки:
-300 грама лук
-1 кг кора од лимон

Начин на подготовка:

Лимонот исечкајте го на парчиња и изблендирајте, како и лукот. Подгответе се да зовријат 1,5 литри вода и додајте мелено лукче и лимон. На ниска температура и покриена, се вари оваа смеса најмногу 15 минути, се трга од оган и се остава да се излади.

Истурете и складирајте во затворени стаклени садови (тегли или шишиња) на ладно место.

Користење на пијалокот

Овој стар лек се консумира со пиење 0,5 дл (чаша за ракија) на празен стомак секое утро во текот на 25 дена. После тоа се препорачува пауза од 10 дена, а потоа постапката се повторува уште 25 дена.

Интересно е што лимонот и начинот на подготовка целосно го неутрализираат интензивниот мирис на лукот, па со нормална дентална хигиена нема да имате проблем во однос на последиците од конзумирањето на оваа храна, иако пред вас е активен работен ден.

Зошто лук

Употребата на лукот како храна датира од илјадници години и според историските списи го користеле Феникијците, Евреите, Вавилонците, Персијците, Старите Грци, Старите Римјани, Египќаните, Кинезите и Хиндусите.

Интересно е што покрај докажаните благотворни ефекти по здравјето и исцелувањето, му биле дадени и некои магични способности, па се користел и во ритуали против магии, вештерки и вампири.

Докажано е дека е богат извор на амино киселини, растителни влакна, растителни масти, витамини (А, Б, Ц), железо, амино киселини, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор. Неговата голема предност е што е достапен за храна во текот на целата година, пренесува порталот Еклиника.

Бројни лековити својства на лимонот

Добро е познато дека лимонот е еден од најголемите извори на витамин Ц. Лимонадата и чајот со лимон се најчестите и омилени видови на конзумирање. Стискање на неколку капки во кафе може да ја ублажи вашата главоболка.

Според советите на нашите баби, благотворно делува на проблемот со варењето, но мора да внимавате бидејќи одреден број луѓе можат да добијат бурна реакција во желудникот.

Лимонот и дава сјај на кожата и ја подмладува, важен е за согорување маснотии и слабеење, има антибактериско дејство и помага при инфекции на грлото, го држи крвниот притисок под контрола, а некои научници тврдат дека одредени хемиски компоненти во кората на лимонот можат да го намалат ризикот од рак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 64 годишната Србинка изгледа 20 години…

Весна де Винчи, 64-годишна жена во едно…

ЛИМОН ВО ГАЗИРАНА ВОДА: Најдобриот напиток за…

Со цел барем делумно да се ослободите…

Стар рецепт за напиток кој го преродува…

Ви претставуваме едноставни упатства за подготовка и…