Статистиката ја побива Владата: Реалната плата е помала од ланската за 2.3%
Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари, но овој просек за најголем дел од граѓаните остана далечен. Доволно е да споменеме дека минималната плата примаат 80.000 работници, а дека официјално вработени, со платени придонеси има околу 600.000.
Ова значи дека над 13 проценти од сите вработени се на минималец. Колку луѓе земаат просечна плата и колку е медијалната плата, Државниот завод за статистика не пресметува. Ако ги прашате економските аналитичари, ќе ви кажат дека медијалната плата е многу пореална од просечната-нето плата, затоа што таа ја претставува онаа вредност на средина кога би се наредиле сите плати од најмалата до најголемата. Некои земји, како на пример Србија, прават такви пресметки. Но, не и Македонија.
Од друга страна, кога стигнавме до просекот од 31.407 денари, растот го изеде инфлацијата.
Статистиката пресмета дека растот на просечната нето-плата во мај годинава во однос на мај минатата година изнесувал 9,4 проценти, но дека реално нето-плата се намалила за 2,3 %.
На прашањето: Како?, одговорот е едноставен – во овој случај Државниот завод за статистика ја вградува инфлацијата, а според податоците јунската инфлација на годишно ниво е дури 14,5 %. Затоа не е ни чудо што за јуни Сојузот на синдикати пресмета дека минималната синдикална кошница за преживување на едно четиричлено семејство е 39.710 денари и истата е зголемена за 5.498 денари во однос на јуни 2021 година.
Државниот завод за статистика се уште не излезе со податоци за јунската просечна нето-плата. Во мај пак, кога просечната нето-плата достигнала 31.407 денари, а синдикалната кошница изнесувала 38.791 денар.
Порталот „Пари“ направи анализа за 5 години наназад колкав дел од синдикалната кошница се покривала со една просечна нето-плата.
Податоците покажуваат дека со една просечна нето-плата никогаш не се покривале трошоците од синдикалната кошница, што значи дека ако има само еден вработен во едно четиричлено семејство, дури и тоа да има сопствен стан, односно да не плаќа кирија и да нема возило, затоа што тоа не е земено во предвид во синдикалната кошница, семјството не може ниту минимум да се прехрани, ниту пак да одржува неопходна хигена со најевтините средства земени во пресметката на синдикалната кошница.
Извор: Вечер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…