Стефанини: ЕУ нема друга опција освен проширување, Македонија да ги засука ракавите
Пораката која што ЕУ-членките ја праќаа од 2013 година, по зачленувањето на Хрватска е „почекајте, почекајте“, сега пораката треба да биде „движете се побрзо и ќе станете дел од ЕУ.“
По војната во Украина, ЕУ сега нема друга опција освен да се прошири, што ќе бара прилагодување од нејзина страна, бидејќи не смее да остави важни земји бескрајно да чекаат, а земјите кандидати кои се способни да си ја завршат домашната задача, како Македонија, треба да можат да станат членки на ЕУ во разумно време. Од вас зависи дали ќе бидете подготвени за тоа што е можно поскоро.
Ова го порачува меѓу другото во интервју за МИА Стефано Стефанини експерт за глобални безбедносни прашања со многу богато дипломатско искуство. Прашан што треба земјава да направи во овој круцијален момент за нејзината европска перспектива, Стефанини вели засукајте ги ракавите, постигнете политички консензус и посветете се на реформите од ЕУ-агендата.
– Македонија треба да ги засука ракавите и да работи на пристап што ги вклучува сите партии бидејќи влезот во ЕУ бара консензус од сите луѓе и од сите политички сили. Реформите понекогаш се болни и треба да ја имате целата земја зад себе. Тоа е она што Македонија треба да го направи, а ЕУ мора да биде јасна дека ако Македонија до 2028, 2029 или која било година, ги исполни условите за членство може да влезе во Унијата. Зачленувањето мора да оди според принципот на регата, што значи дека ако ја поминете линијата, нема потреба да чекате некого, вели италијанскиот дипломат кој е поранешен постојан претставник во НАТО и некогашен дипломатски советник на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а служел и во дипломатските мисии во Њујорк, во ОН, Москва, Вашингтон и Перт.
Стефанини има силна експертиза во трансатлантските односи, безбедноста, одбранбените способности и индустријата, Русија и прашањата за ЕУ. Во моментов има и статус на советник во Брисел, како и во повеќе меѓународни тин-тенк организации. Дел е од бордот на директори на угледната Мрежа за европско лидерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…