Стефан Лазаров со апел за донации за Зоки Фаци: „Не можам да седам и да гледам како пријателот ми умира“
Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци води повеќемесечна борба со тумор. Неговиот колега, Стефан Лазаров, повика на хуманост и донирање за да се спаси неговиот живот.
Потребни се 15.000 евра.
„Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.
Зоки има 25cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.
Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.
На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стефан Лазаров со апел за донации за…
Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…
Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…
Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…
(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…
Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…
Дел од Општина Центар утре без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…
Овие 4 хороскопски знаци се родени да…
Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…