Стејт департментот е запознат со апсењето на уште еден Американец во Русија
Властите во САД се запознаени со извештаите за апсењето на американски државјанин во Русија и целта е да се добијат повеќе информации, соопшти синоќа во Стејт департментот.
– Знаеме за апсењето на уште еден американски државјанин во Русија и работиме на тоа да добиеме што повеќе информации, да ја разјасниме ситуацијата со конзулатот и да дознаеме дали е можен конзуларен пристап, изјави заменик портпарол на Стејт департментот, Ведант Пател.
Медиумите претходно објавија за апсење на Американец во Москва под сомнеж за напад врз полицаец. Во извештаите се тврди дека ноќта на 12 август тој одбил да покаже документи за идентификација, по што нападнал службеник на органите на редот.
Судот во Москва вчера пресудил 15-дневен притвор поради хулиганство за американскиот граѓанин Џозеф Татер.
Инцидентот се случува две недели откако американскиот новинар Еван Гершкович и 15 другио лица беа ослободени во најголемата размена на затвореници меѓу Западот и Истокот од Студената војна.
Неколку американски државјани и други западни граѓани сè уште се во руски затвори под различни обвиненија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовец фатен како краде од куќа во…
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…
(Видео) Машината била погодена од остатоци од…
Казахстанското Министерство за вонредни состојби подоцна извести…
Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци
Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…
Историска голема исплата за субвенции за земјоделците
Историски најголема исплата на субвенции Претседателот на…
Страшно невреме ја зафати Хрватска: На сила…
Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот…