Стејт департментот нè прекори: Не им даваме државјанство на долгогодишни жители, етнички Албанци и Роми

t

Во извештајот на Стејт департментот на САД за Македонија за 2022 година, покрај другите забелешки се наведува дека Македонија има проблем со резиденти кои немаат државјанство, а се посочува примерот со етнички Албанци кои се долгогодиѓни жители на земјата и Роми кои се апатриди.

– Барањата за државјанство на неколку резидентни етнички Албанци се уште не се разрешени, лицата се во очекување на решението за државјанство. Се проценува дека околу 750 Роми сè уште се апатриди, и покрај постојаните напори на државата да го регулира нивниот статус, велат граѓанските организации.


Според МВР, барањата за државјанство на 2.657 долгорочни жители на државата сè уште се на преглед од Агенцијата за национална безбедност. На мнозинството од нив не може да им се додели државјанство поради недостаток на свест за релевантните бирократски процеси или затоа што се сметаат за закана за националната безбедност – до неодамна дискреционо право на министерот за внатрешни работи.


Народниот правобранител го следи спроведувањето на Законот за државјанство, вклучително
амандманите усвоени во јули дизајнирани да го олеснат доделувањето државјанство на лица без документи кои биле жители на државата пред нејзиното осамостојување во 1991 година. Народниот правобранител не пријавил примени поплаки во текот на годината по ова прашање.


Во мај опозициските партии на етничките Албанци го критикуваа бавниот напредок во
спроведување на Законот за државјанство. Тие го обвинија МВР за одложено разгледување на барањата за државјанство над законски утврдените шест месеци рок и побараа од барателите да достават дополнителни документи кои не се потребни согласно Законот. Законот беше изменет во јули 2021 година за да обезбеди државјанство за долгогодишни жители по дополнителен пат од досега предвидените можности во Законот.

Опозициските партии на етничките Албанци тврдеа дека на повеќе од 7.000 етнички Албанци кои живеат во земјата неправедно им било ускратено правото на државјанство, нотира Стејт департментот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…