Стејт департментот ја одобри продажбата на „Џавелин“ на Косово од страна на САД
Американскиот Стејт департмент ја одобри можната продажба на „Џавелин“ вредна 75 милиони долари на Косово испорача Агенцијата за безбедносна соработка на Пентагон, која е одговорна за испорака на воена опрема и оружје во странство врз основа на меѓувладини договори.
Во соопштението се наведува дека на Приштина би можеле да и бидат продадени 246 ракети Javelin и 24 лесни повеќецевни фрлачи.
Пентагон тврди дека планираната продажба на ова оружје „ќе овозможи остварување на интересите на Соединетите Американски Држави во областа на националната безбедност преку поддршка на партнер кој претставува важна политичка и економска сила во Европа“.
„Планираната продажба ќе ја зајакне долгорочната одбранбена моќ и способност на Косово да го заштити својот суверенитет, територијален интегритет и да ги задоволи неговите потреби од национална одбрана. „Косово нема да има потешкотии да го интегрира ова вооружување во своите вооружени сили“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, претходно денеска, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Кристофер Хил, го информираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за американската одлука да го прифати барањето на Приштина за набавка на противтенковски ракети Javelin. Претседателот на Србија рече дека тоа е големо разочарување за Србија.
Министерот за одбрана на приштинските привремени институции, Ејуп Маќедонци, потврди дека процедурите за набавка на противтенковски ракети Javelin за Косово од САД и посочи дека одлуката за таа набавка е дел од планот за премин на КБС во војска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…