Објавено на:

Стејт департмент: Можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е загрижувачка

t

„Тоа, се разбира, би го дестабилизирало Корејскиот полуостров и потенцијално… ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН што самата Русија ги поддржа“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на оружје за Украина, пренесе РИА Новости. На прес-конференција во Виетнам, Путин исто така рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.

Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина./МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…