Столтенберг го повика НАТО да ги укине ограничувањата за напад на Русија со западно оружје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Алијансата да ги укине ограничувањата за нападите на Киев со западно оружје врз објекти на руска територија.
„Дојде време сојузниците да размислат дали вреди да се укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употреба на оружје што и се доставува на Украина. Особено сега кога интензивните борби се водат во близина на Харков, недалеку од границата со Русија. Отфрлањето на можноста Украина да го користи ова оружје за напад на легитимни воени цели на руска територија значи – комплицирање на нивната одбрана“, изјави шефот на НАТО во интервју за „Економист“.
Во исто време, тој ја отфрли идејата за користење на системи за воздушна одбрана на НАТО за соборување на руски ракети над Украина.
Столтенберг рече и дека НАТО нема намера да внесува сили во Украина.
„Немаме намера да испраќаме копнени сили на НАТО во Украина. Нема да бидеме дел од конфликтот“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…