Столтенберг: Мисијата на КФОР е важна за одржување на мирот во Косово
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека мисијата на КФОР во Косово е важна за мирот и стабилноста.
„Присуството на НАТО преку мисијата КФОР на северот на Косово е важно, бидејќи на тој начин ги поддржуваме дипломатските напори на Европската унија. Го поздравувам напредокот во разговорите меѓу Белград и Приштина, со посредство на Европската унија, бидејќи тоа е единствениот валиден пат кон решение и стабилност. Во овој момент имаме историска можност да создадеме траен мир во регионот. Ги поздравуваме конструктивните разговори, но сите страни во разговорите мора да покажат флексибилност и волја за компромис“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО, кој разговараше со албанскиот претседател Бајрам Бегај, изјави дека решението мора да се заснова на почитување на човековите права, демократските вредности и добрососедските односи.
Столтенберг рече дека улогата на Албанија е важна, „бидејќи ја промовира стабилноста и соработката со НАТО на Западен Балкан“.
„Албанија е посветена на својата улога во НАТО, исто како што ние сме посветени на Албанија“, рече тој и потсети дека Алијансата испратила помош кога минатата година имаше сајбер напад врз Албанија од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…