Столтенберг: Не навлегувам во уставните измени, но добро е Македонија да напредува кон ЕУ
Македонија би требало да напредува на патот кон ЕУ, истакна во интервју за МИА генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Запрашан дали неговото вчерашно обраќање во Собранието беше обид да ги поттикнете пратениците да ги усвојат уставните амандмани, Столтенберг посочи дека не навлегува во тие прашања.
-Не е мое да навлегувам во тие конкретни прашања, бидејќи тие се поврзани и со вашиот процес кон членство во ЕУ, но мојата порака е дека членството во НАТО многу често го отвора патот за членство во ЕУ и тоа би било добро за целиот регион и за Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ. Секако, за тоа ќе бидат потребни одредени одлуки од Македонија, но не е на мене да навлегувам во конкретните предлози на хартијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…