Столтенберг откри кои ќе бидат главните теми на Советот Русија-НАТО
Советот Русија-НАТО, кој ќе се одржи на 12 јануари, ќе ги разгледа прашањата за воената безбедност во Европа, Украина, мерките поврзани со намалување на ризикот и воената транспарентност, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Го свикав Советот Русија-НАТО на 12 јануари за да разговараме за прашања поврзани со европската безбедност, особено за ситуацијата во и околу Украина, како и прашања поврзани со воената активност, меѓусебната транспарентност и намалувањето на ризикот“, напиша Столтенберг на Твитер .
Како што прецизираше, ваква агенда е предвидена „за конструктивен дијалог во интерес на сите страни“.
Се огласи и шефот на дипломатијата на Европската унија, Јосеп Борељ, кој рече дека го поддржува одржувањето на Советот Русија-НАТО.
Да потсетиме, во пресрет на состанокот на 12 јануари, на кој Алијансата за првпат ќе ги разгледа барањата на Русија за безбедност, земјите од НАТО одржуваат интензивни мултилатерални консултации за руската иницијатива . Според седиштето на Алијансата, министрите за надворешни работи на НАТО на 7 јануари ќе одржат вонредна видео-конференција на која ќе разговараат за барањата на Русија за европска безбедност и изјавите за „концентрирање на руските војници во близина на границите на Украина“.
Соединетите Држави и нивните сојузници ја обвинуваат Русија дека подготвува наводна „инвазија“ на Украина и се закануваат со санкции без преседан доколку се спроведат плановите што и се припишуваат.
Русија постојано ги негираше обвинувањата за „агресивни дејствија“ од страна на Западот и Украина, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне никого, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за распоредување повеќе воена опрема на НАТО. во близина на руската граница.
Пред крајот на минатата година беше остварен телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, при што беше прецизирано дека преговорите за барањето на Русија ќе се водат на три колосеци – Русија-САД, Русија- НАТО и Русија-ОБСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…