Објавено на:

Столтенберг: Работиме со Турција за да ги надминеме приговорите за Шведска и Финска во НАТО

t

-Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази разбирање за загриженоста на Турција поврзана за членството на Шведска и Финска во Алијансата, и рече дека се работи интензивно да се надминат проблемите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако многумина се надеваа дека апликациите за членство на Финска и Шведска многу брзо ќе ги помине процедурите во НАТО, официјална Анкара засега го блокира процесот, бидејќи е загрижена поради врските што ги одржуваат овие две земји аспиранти со групи кои се сметаат за терористички во Турција. НАТО не го потценува ставот на Анкара, рече генералниот секретар.

-Турција изрази загриженост за сериозни прашања поврзани за тероризмот и работиме да ги решиме тие преокупации, рече Јенс Столтенберг, додавајќи дека голем број други земји членки на НАТО го поддржуваат членството на Шведска и Финска.

Столтенберг исто така инсистираше дека Турција ја поддржува и политиката на отворени врати на НАТО, но дека се соочува со специфични теми кои и претставуваат проблем. Шефот на Алијансата рече дека и тој и неговиот тим се целосно посветени на решавање на спорот меѓу Анкара и двете земји аспиранти за членство во НАТО.

Генералниот секретар ги отфрли обвинувањата дека одолговлекувањето на процесот му штети на имиџот на НАТО, или пак дека и оди во корист на Русија.

-НАТО се 30 различни сојузници, често не се согласуваме за некои прашања на почетокот на процесот, но тоа што го правиме е дека секогаш имаме консултации за да ги усогласиме различностите, некогаш за тоа треба време, тоа е силата на НАТО, носењето одлуки со консензус, самата природа бара време и макотрпна работа но на крајот одлуките се многу силни затоа што сите сојузнички ги носат со консензус, рече Столтенберг.

Тој не даде временска рамка кога би завршил процесот на зачленување на Шведска и Финска, рече дека неговата амбиција е тоа да се случи “многу скоро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…