Столтенберг: Сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик со Турција и нема да биде одложен процесот за влез на Шведска и Финска во НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се огласи на Твитер во врска со изјавите на турските функционери и нивниот став за влегувањето на Финска и Шведска во Алијансата.
Турција е важен партнер и потребно е да одговори на сите безбедносни проблеми. Мораме да бидеме обединети во овој историски момент. Турција изрази одредени загрижености, а како што тоа секогаш го правиме во НАТО, ние ќе седнеме и ќе разговараме за тоа. Сигурен сум дека ќе можеме да најдеме заеднички јазик и консензус за тоа како да дејствуваме во врска со нивното членство, истакна Столтенберг.
Тој изрази и надеж дека ќе успеат да се решат проблемите што Турција ги навела, без да се кочи влезот на Финска и Шведска во НАТО.
Се надеваме дека бргу ќе напредуваме ако Финска и Шведска поднесат барање за членство. Турција јасно даде до знаење дека немаат намера да го спречат членството. Поради тоа сум убеден дека ќе ги решиме проблемите што ги наведе Турција, на начин на кој нема да биде одложен процесот за нивен влез во Алијансата, додаде Столтенберг.
Шведска и Финска најавија дека за неколку дена ќе поднесат барање за членство во НАТО поради промената на геополитичката клима во Европа по почетокот на рускиот напад на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…