Столтенберг: Тука ги јадев моите први полнети пиперки и ја слушав „Ринге ринге јајa“
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска се обрати пред македонските пратеници во Собранието, првпат откако Македонија е членка на НАТО.
„Кога бев дете татко ми работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години и тука првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки и слушав ‘Ринге ринге јајa. Навистина имам пријатни спомени од моето детство во поранешна Југославија. И оттогаш многупати сум се враќал во овој регион и во Македонија за да посетам пријатели како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО. Оттука, во 2018 година бев тука за отворањето на Столтенбергова улица која што го носи името на мојот татко, кој е почесен граѓанин на Скопје. Тоа беше признание за неговите напори, но и напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои настрадаа во земјотресот од 1963 година. Тие ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка и им помагаа на оние кои останаа без дом. Во исто време, моите родители помогнаа во трансформација на болницата за туберкулоза во Козле во Институт за респираторни болести на деца. Оваа болница и денеска се грижи за децата и затоа овој дел од светот е важен за мене“, кажа Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…