Објавено на:

Столтенберг: Услов за членство во НАТО е Украина да ја победи Русија

t

Членките на НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон ќе објават дека за членство во блокот, Украина треба да победи во воениот конфликт против Русија, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
„Мораме да се погрижиме Украина да победи. Ова е минимален услов Украина да стане членка на НАТО“, нагласи Столтенберг на прес-конференцијата пред министерскиот состанок на Алијансата на 13-14. во јуни, одговарајќи на новинарско прашање дали НАТО може да им вети на „Украинците на првата линија“ на самитот во јули дека земјата ќе влезе во НАТО.

Столтенберг најави и дека испораките на оружје за Киев ќе станат задолжителни за земјите од НАТО, а тие ќе бидат координирани од командните структури на Алијансата под раководство на генералот Кристофер Каволи.
Дополнително, тој додаде дека очекува членките на НАТО појасно да ја изразат својата поддршка за членството на Украина во Алијансата на самитот во Соединетите Американски Држави.
„Веќе потврдивме дека Украина ќе стане членка на Алијансата. Ние му помагаме на Киев да ги модернизира своите вооружени сили и да ги усогласи со стандардите на НАТО. Дополнително, очекувам дека на самитот во Вашингтон сојузниците ќе дадат уште појасна поддршка за пристапување на Украина во Алијансата“, нагласи генералниот секретар.

Тој одби да даде други детали за одлуките што се очекуваат на самитот.
Столтенберг рече и дека се надева дека на состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 13-14. од јуни, треба да се договори зајакнување на улогата на Алијансата во координацијата на воената помош за Украина, обуката, како и долгорочното финансирање.
Тој додаде дека потоа планот ќе биде одобрен на јулскиот самит во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија забрани 81 европски медиум

Министерството за надворешни работи на Русија објави…

Зеленски: Притисокот врз непријателот мора да се…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска…

Путин: Русија може да се потпре само…

Русија може да смета само на сопствената…

„Фајненшл тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во…

„Фајненшл тајмс“ (Financial Times) објави проценки дека…

Путин забрани приватизација на верски имот

Во Русија е воведена забрана за приватизација…