Стопанската комора на Македонија прогласи кризна состојба во работењето

t

Се прогласува кризна состојба во работењето на Стопанската комора на Македонија, која ќе трае од 15 септември 2022 година до 15 април 2023 година.

За спроведување на активностите поврзани со оперативното работење во Комората ќе се формира Кризен штаб на Комората, чиј состав и овластувања ќе бидат утврдени со посебна одлука.

„Со оглед на фактот дека состојбата со снабдувањето со електрична енергија сè повеќе се комплицира, а информациите што ги добиваме од нашите членки се сè подраматични, се поставува потребата од концентрирање на нашата работа кон разрешување на ова прашање, со оглед на фактот дека сè друго во овој момент е бесмислено. Снабдувањето со електрична енергија е со таков интензитет, што има огромно и пресудно влијание врз работењето на компаниите членки на Комората, и веќе се забележани случаи на затворање на компаниите и редуцирање на работењето“, велат од СКСМ во своето образложение за одлуката.

„Како што сите знаеме, и покрај огромниот притисок кој што го извршивме на Владата, мерките коишто требаше да бидат преземени доцнат, а информациите кои стигнуваат од Министерството за финансии зборуваат дека сме на праг и на финансиска криза. Токму затоа, немаме друг избор, освен да се искористат сите можности за дополнителен притисок и вклучување во разрешницата на овие проблеми, што значи и редуцирање на коморските редовни активности. Врз основа на определбите на Законот за стопанските комори и Статутот на СКСМ, во кој се јасно набележани одредбите за суштината на нашето постоење, донесена е ваква одлука и се прилагодува работењето“, велат оттаму.

Стопанската комора е создадена да ги застапува и заштитува интересите на стопанските субјекти кои во овој момент се загрозени и таа е независна и самостојна организација, којашто има за цел неколку клучни компоненти:

– застапување на заедничките интереси на членките;

– искажување на интересите на членките пред надлежните државни органи;

– усвојување и предлагање усогласени мислења и ставови во врска со подобрување на условите за работење;

– учество во креирањето на јавното мислење, политиките за суштинските и системските прашања;

– утврдување и негување на добрите деловни обичаи;

– развивање на деловниот морал и утврдување правила на деловното однесување на членките на Комората во меѓусебните односи и во односите кон трети лица и на пазарот.

Конкретно, тоа значи дека со посебна одлука ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги преземе ингеренциите за раководењето со Комората во кризна ситуација, ќе биде во постојано заседание и ќе располага со сите потребни информации за донесување одлуки.

Исто така, кризата со електричната енергија и другите кризни ситуации ќе станат приоритет во коморското работење и нема да се губи ниту една минута во реагирањето и координирањето на активностите меѓу нас. Органите и телата на СКСМ и понатаму ќе ги извршуваат своите овластувања, но секојдневно ќе бидат информирани од Кризниот штаб за сите нови информации што влијаат врз работата на компаниите. Оваа одлука да биде итно проследена до сите наши членки и посебно до органите на Комората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…