“Стоп за Вардариште”: Утре со почеток од 7:30 ќе одиме на увид во Вардариште, доколку има себепромоција на функционерите заминуваме

t

Од иницијативата “Стоп за Вардариште” објавија дека утре граѓаните кои протестираат во 7 часот и 30 минути ќе го започнат своето движење од мостот Близнаци и ќе се движат се до Вардариште каде на покана на В.Д градоначалникот на Аеродром ќе можат да направат увид на ситуацијата и да постават прашања за проблемот како и да побараат решение за истиот.

Како што се вели во нивната објава доколку почувствуваат дека се искористувани за себе промоција на функционерите веднаш ќе го напуштат местото, а исто така ги замолуваат присутните да носат маски поради непостоење на транспарентни податоци за тоа што има во воздухот.

“Се гледаме утре во 7:20 пред мостот Близнак.

Одиме пеш покрај кеј до Вардариште, по покана на В.Д. Градоначалникот на општина Аеродром.

За сите кои не можат да одат пеш, а сакаат да ни се приклучат, се гледаме директно таму.

*времето може да варира во зависност од темпото со кое се движиме и слличо”, стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Стоп за Вардариште”: Утре со почеток од…

Од иницијативата “Стоп за Вардариште” објавија дека…

БИРН: Богати Руси под санкции добиваат српско…

Пет руски државјани добија државјанство со одлука…

Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи…

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија вечерва…

Девојките биле од Португалија се изгубиле на…

Двете девојки кои попладнево, 26 септември, беа…

Холандија се закани: НАТО ќе соборува руски…

Холандскиот премиер Дик Шоф изјави дека НАТО…