Стотина српски туристи заробени на егзотични дестинации поради омикрон – мораат сами да си ги платат летовите за назад

t

Поради омикрон, голем број авиокомпании откажуваат илјадници летови дневно. Затоа група туристи од Србија е „заробена“ во Занзибар.

„Во Занзибар беа заробени неколку стотини српски туристи и тие пристигнаа таму или преку агенции или самостојно. Оние кои пристигнаа со Флај Дубаи, кои откажаа голем број летови, сега имаат голем проблем, бидејќи се работи за нискобуџетна, евтина компанија и работат по различни правила. Имено, големите авиокомпании имаат обврска да ви го заменат билетот во случај на непредвидена ситуација, но нискобуџетните компании ја немаат таа обврска. Тоа значи дека патниците од Занзибар кои дојдоа со оваа авиокомпанија ќе треба сами да си го најдат патот и да купат нов билет“, изјави Александар Сеничиќ, директор на Јута, на телевизијата К1.

Како што рече Сеничиќ, причината зошто авиокомпаниите ги откажуваат летовите е затоа што немаат доволно пилоти и персонал поради корона болест.

„Затоа многу компании се откажаа од летовите до многу дестинации до дополнително известување. Мој совет е патниците кои патувале преку агенции и доживеале нешто слично да се обратат во агенциите и да побараат враќање на парите“, вели Сеничиќ.

„Не можеме да предвидиме како ќе изгледа состојбата за 15 дена, затоа е препорачливо да бидете добро информирани за мерките кои се на сила во државата во која планирате да одите. Без разлика на сертификатот за вакцинација, голем број земји сега воведуваат задолжителен ПЦР тест кој мора да го направите пред да патувате, а често и по слетувањето на саканата дестинација. Имам впечаток дека луѓето кои воведуваат мерки веќе не ни знаат што бараат“, вели тој.

Извор: Блиц.рс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…