Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската Република за да ја „осигураат безбедноста“ во земјата пред референдумот на 30 јули
Неколку стотици искусни борци на руската паравоена група „Вагнер“ пристигнаа во Централноафриканската Република за да ја „осигураат безбедноста“ во земјата пред референдумот што ќе се одржи на 30 јули, соопшти Заедницата на офицери за меѓународна безбедност, група која е тесно поврзана со Вагнер.
„Во Банга пристигна уште еден авион со инструктори за работа во Централноафриканската Република. Планираната ротација продолжува. Неколку стотици искусни професионалци од компанијата „Вагнер“ се приклучуваат на тимот што веќе работи во оваа земја“, соопшти безбедносната група.
Оттаму додаваат дека „руските инструктори ќе продолжат да им помагаат на војниците на централноафриканските вооружени сили и на агенциите за спроведување на законот во земјата“ пред уставниот референдум на 30 јули.
Заедницата на офицерите за меѓународна безбедност каналот на Телеграм објави фотографија на која се гледаат 30 луѓе во воени униформи како стојат на пистата на аеродромот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…
Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…
Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…
Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците
Поголема група поранешни членови на приватната руска…
Песков: Вагнер повеќе не постои
Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит…
(Фото) Споменик на Вагнер се појави на…
На местото каде што загина основачот на…