Стотици пати потенциравме дека главата на рекетот се Заеви, сега тоа се докажува – Прес конференција на Димче Арсовски

t

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на писмото и оние конверзации кои што беа објавени во текот на вчерашниот ден од обвинетиот и осуден во случајот „Рекет“ истакна дека после сите писма и конверзации кои што излегоа во јавноста, јасно е дека главата на целиот рекетарски октопод е Зоран Заев, а сите оние кои се вмешани треба да седнат во обвинителна клупа.

„Уште при самото објавување и обелоденување на случајот рекет, ние неколку пати стотици пати можеби потенциравме дека главните виновници за целиот случај рекет, главните рекетари во Македонија не се седнати во обвинителна клупа, дека тоа не би можело да биде организирано и направено, да толку многу луѓе да бидат уценувани и рекетирани доколку конците не ги држеле на Илинденска без број односно во Владата.

По сите оние писма кои што излегуваат во јавноста и кои што јавноста со загрозеност ги гледа, што се правела владата и функционерите од власта, после сите оние конверзации кои што успеа јавноста да ги прочита и види, јасно е дека главниот на целата рекетарски октопод е Зоран Заев.

Сега веќе јасно гледаме дека тој е човекот кој што примал бизнисмени и понатаму што разговарале треба самиот да каже. Но не да и каже на јавноста, бидејќи јавноста има впечаток и знае, туку да им каже на обвинителството, да седне во обвинителна клупа и да каже пред судот затоа што таму му е местото за сето она што го прави“, истакна Арсовски.

Портпаролот Арсовски додаде и дека сето она кое што го правеле функционерите од СДСМ и Заев е да се здобијат само со личен бенефит.

„Сите сведочења од бизнисмени, сведочењата од страна на обвинетите дека парите треба да се бараат во Струмица кај семејството Заеви, веќе излегуваат на виделина и се потврдуваат. Очигледно е дека спрегата помеѓу власта, бизнисмените и она кое што го правеле како власт СДСМ, Зоран Заев па и Љупчо Николовски било единствено со една намера а тоа е да се здобијат со личен бенефит. Ова е впечаток на јавноста но за жал и ова е реалноста дека ним власта единствено им служи за уцени закани и рекет“, нагласи Арсовски.

Арсовски истакна дека изминатите пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, и закани, а од тоа штета имаат граѓаните и затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне.

„Секогаш кога ќе излезат такви наводи докази дека тие се вмешани во криминал или молчат и ги нема скриени се обидуваат да дефокусираат. За вмешаноста на Зоран Заев, Љупчо Николовски подоцна Ден Дончев и сите други поврзани со рекетирање во Македонија треба да седнат во обвинителна клупа.

Изминативе пет години се потрошени единствено на криминал, корупција, рекет, уцени, закани, а од тоа штета имаат граѓаните. Затоа Македонија уназадува, стагнира и тоне на сите светски ранг листи за нормално функционирање на една држава“, додаде Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Децата на политичката елита профитираат од брзите…

Децата на политичката елита профитираат на грбот…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…