Клучниот збор во владата го има ДУИ, само поради тоа СДСМ не прифаќа една изборна единица

t

Дафина Стојаноска член на ИК и пратеничка во македонското собрание вечерва во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24 посочи дека точно е дека ВМРО-ДПМНЕ претходно за 120 изборни единици, но сега ја согледале фактичката состојба во државата која е алармантна и дека поради тоа бараат промени во изборниот законик за една изборна единица.

Факт е дека ние пред две години како партија бевме за 120 изборни единици, но факт е дека ја согледуваме моменталната реална состојба во државата а тоа е дека навистина Македонија е во една незавидна положба. Не е тука само спорот со нашиот источен сосед, туку генерално демократијата. Власта мака мачи за да ја одржи коалицијата условувана и уценувана, токму тоа ние да се прилагодиме на моменталната и навистина алармантна состојба во државата, согледуваме, анализираме и велиме, ајде нека биде една изборна единица, вели Стојаноска.

Стојаноска рече СДСМ не прифаќа една изборна единица бидејќи ДУИ не се согласува укажувајќи дека повеќе од јасно е дека клучниот збор во коалицијата го има ДУИ.

ДУИ не се согласува со една изборна единица, иако СДСМ уште во 2016та година го имаше во својата програма, лани пред година дена Зоран Заев кога беше премиер исто така кажа дека е за една изборна единица, така да, навистина повеќе од очигледно е дека во коалицијата иако велиме дека СДСМ е власт во оваа држава, клучниот збор сепак го имаат ДУИ, изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…