Стојанче Ангелов: Вчера сите заедно бевме на висина на задачата
Нашите храбри пожарникари, храбри пилоти на хеликоптери и храбри војници и полицајци вчера покажаа исклучителна професионалност и пожртвуваност.
Не значи дека ако нешто е наше, домашно, македонско, по автоматизам не чини. Да учиме од другите но и да си го почитуваме своето.
Сите ние заедно вчера бевме на висина на задачата. Со онаа опрема која ја имаме, со оние средства со кои располагаме. Недостатокот на средства и опрема го надополнивме со големо срце, посветеност и пожртвуваност.
Голема благодарност до сите професионалци но и граѓани кои вчера учествуваа во гаснењето на големиот пожар во Тетово во кој никој не загина ниту некој беше сериозно повреден, но и до медиумите за професионалното и објективно известување.
А сеирот, сеирот е дел од нашиот менталитет и барем ние јавните личности мора да се навикнеме на него. Јас се навикнав одамна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…
Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…
Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…
Во националниот парк Маврово, но и на…
Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…
Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…