Странските инвестиции во Македонија преполовени од лани: Две големи компании си заминуваат од Македонија – Аптив и Дура се евакуираат од четвртата економија во Европа!
Две поголеми странски компании кои со години работат во зоната во Скопје заминуваат. Најдоцна до крајот на идната година АПТИВ ќе ја затвори својата фабрика во Бунарџик. Ова за Телма го потврдија и од компанијата. Според, информациите кој ги добивме, од август до сега бројот на работници го намалиле за околу 30 отсто. Од ТИРЗ пак тврдат дека од менаџментот на Аптив им укажале дека се преговара со други мултинационални компании за преземање или пак за продавање на нивниот бизнис во зоната во Скопје. Но, на прашање од Телма дали може би се во преговори за такво нешто и за колку го скратиле бројот на работници од Аптив конкретно не одговорија. Посочија само дека ќе продолжат со нивните операции согласно глобалните случувања.
За таа цел Аптив ќе го консолидира производството на своите компоненти за напредна безбедност и корисничко искуство во Европа што ќе резултира со затворање на нашата локација во Скопје. Имаме сеопфатен план за поддршка на нашите вработени во Скопје во текот на оваа транзиција усогласена со локалните закони и прописи за труд. Се очекува имплементацијата да биде завршена до четвртиот квартал 2026 година, соопштуваат од АПТИВ
Претходно Телма пишуваше дека поради оптимизирање на производството согласно случувањата на глобално ниво, од Бунарџик бизнисот го селат во погоните во Полска и Португалија.
Освен Аптив, клуч на врата ќе стави и американската Дура. За одлуката го известиле и менаџментот на ТИРЗ од каде тврдат дека ќе побараат компанијата да врати дел од државната помош, заради неисполнување на обврските.
Според, официјалното известување што е добиено од Дура е дека го запираат производството заради откажување на нарачките од страна главниот купувач. Од наша страна се преземаат активности согласно позитивните законски прописи во државата, велат од Техонолошки индустриски развојни зони ТИРЗ
Од ТИРЗ уверуваат и дека од комуникацијата со инвеститорите нема индиции дека и други би го затвориле бизнисот.
Тврдат дека се во преговори и со осум компании, но не даваат повеќе детали затоа што доверливоста била најзначаен елемент во преговорите.
Неодамна и од Советот за странски инвестиции предупредија дека проблемите во Германија и глобалните случувања ќе се одразат и на работата на компаниите тука.
Од бројките пак на НБРМ може да се види дека во првите два квартали оваа, во однос на истиот период минатата година има значително намалување на странските инвестиции. Лани заклучно со јуни изнесувале над 560 милиони евра, годинава се над 200 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до…
Бугарски европратеник: Мицкоски не сака Македонија да…
Членот на бугарската партија БСП и европратеник,…
Песков: Конфликтот во Украина ќе заврши кога…
Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија…
EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…
Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…
Странските инвестиции во Македонија преполовени од лани:…
Две поголеми странски компании кои со години…