Стратешкиот партнер на Мицкоски нема ништо против Бугарите да влезат во Уставот – тие ни се близок народ
Jaс сум човек кој што има симпатии кон таа бугарска држава, симпатии кон тој близок народ кој живее таму изјави Марјан Ѓорчев кој поранешниот министер и пратеник Марјан Ѓорчев, а беше и назначен за стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, Ѓорчев истакна дека нема ништо против Бугарите да станат дел од македонскиот Устав, но дека му пречат провокациите и навредите кон македонскиот народ.
-Jас немам ништо против во Уставот да влезат и Бугарите и Хрватите. Затоа што во Хрватска македонските се признато малцинство, имаме ние таму и здружение и клубови кои што добиваат сериозни средства за нивната културна активност, вели Ѓорчев.
Според него отпорот кон уставните измени е поради тоа што истите се диктат од бугарска страна.
Тука има отпор затоа што тоа е политички диктат од друга страна. Ако беше изворен проблемот, ако беше од тие луѓе, ако тоа беше процес во кој Бугарите јасно ќе ги декларираа своите барања каде што немаше да има провокации како што се случуваат сега, немаше да има проблем, вели тој.
Да потсетиме дека пратениците на Мицкоски потпишаа гаранции заверени на нотар дека нема да гласаат за промена на Уставот, за потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да најави напуштање на политиката ако макар еден од неговите пратеници гласа за промена на Уставот.
-Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам. Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, вели Мицкоски.
Сега Мицкоски го промени својот став по однос на влезот на Бугарите во Уставот потенцирајќи дека ако има гаранции од Европската Унија дека ова ќе биде последно барање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со негов амин ќе гласаат за промена на Уставот и влез на Бугарите во истиот.
-Нашата цел не е започнување на преговорите со ЕУ туку нашата крајна цел е да биде македонија дел од ЕУ. И ние сме подготвени за тоа да разговараме, да добиеме определени гаранции дека ова е посчледно барање , дека нема да бидеме дополнително предмет на вето, дека нема да бидеме предмет на асимилација – изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…