Страшно: Во железничка несреќа во Словачка повредени 74 лица
– Во железничка несреќа во Словачка, што се случи синоќа во близина на општината Стречно, повредени се 74 лица, соопшти полицијата во текот на ноќта на социјалните мрежи.
Несреќата се случила кога воз со стотина патници во близина на Стречно, на северозападот од земјата, застанал поради дефект и потоа бил удрен од локомотива која му пришла на помош.
Како што пренесуваат словачките медиуми, полицијата преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се истражува причината за несреќата, наведувајќи дека полесно се повредени 59 лица, 11 се здобиле со средно тешки повреди, а четворица се потешко повредени. Во блиските болници се префрлени 34 лица. Полицијата ги повика возачите да ја избегнуваат близината на местото на несреќата, кое е блиску до важен железнички јазол, каде линиите од внатрешноста до Братислава се среќаваат со оние до соседна Чешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…