Страшно: Бунарскиот систем Нерези-Лепенец во случај на надминување на користење може да повлече вода од Вардар која е четврта категорија
Кампањата за локалните избори носи розова слика за нашите градови, во заднина демнат застрашувачки последици од децениска негрижа во неколку црни еколошки точки.
Физибилити студии, планови за управување со контаминирани подрачја, сè е на маса, освен пари и акција. Јегуновце, Вардариште, Велес, Охис, Лојане… што е приоритетната листа?
Вечерва во Вин-Вин дебатираат д-р Златко Илијовски и д-р Трајче Стафилов.
Бунарски систем Нерези-Лепенец има капацитет од околу 1.400 литри вода во секунда, што претставува приближно 40 проценти од вкупните потреби на градот Скопје. Сепак, според анализите направени во рамки на елаборатот за заштита на системот и математичкото моделирање, реалната можност за безбедна експлоатација е значително помала до 500 литри во секунда, рече д-р Златко Илијоски од Градежниот институт.
„Технички бунарскиот систем Нерези-Лепенец има капацитет од 1400 литри во секунда тоа е од прилика 40 проценти од вкупната потреба на градот Скопје, меѓутоа анализите што ги правевме ние во рамките на изработката на елаборатот за заштита на бунарскиот систем Нерези-Лепенец и математичкото моделирање што се направи укажува дека можноста за експлоатација максимално е до 500 литри во секунда. Значи околу 35 проценти ние можеме да користиме безбедно, а кога таа количина ќе биде надмината се створаат услови на повлекување на поголема количина на вода од реката Вардар кон бунарите. Во тој случај ние имаме нечиста вода, бидејќи Вардар е од четврта категорија од тој дел на теренот“, рече д-р Златко Илијовски, Градежен институт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшно: Бунарскиот систем Нерези-Лепенец во случај на…
Кампањата за локалните избори носи розова слика…
Мицкоски: Време е за ресет на системот
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое…
Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно…
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот…
Се огласи таткото на Мартин Сипковски, момчето…
Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен,…
Османи: Меџити ги информирал медиумите дека нема…
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар…