СТРАШНО: Во Кина измерена температура од рекордни 52.2 степени Целзиусови!
Во градот Санбао во Ксинџијанг во северозападна Кина во неделата во таа земја е забележана рекордна висока температура од 52,2 степени Целзиусови, јавија денеска кинеските медиуми.
Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена.
Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Идинг во Ксинџијанг, во вдлабнатина над 150 метри под нивото на морето, пренесува Ројтерс.
Земјите низ Азија беа погодени од неколку рекордни топлотни бранови од април.
Во Кина рекордно високите температури предизвикаа проблеми со снабдувањето со електрична енергија и земјоделските култури, а се стравува и од повторување на минатогодишната суша, најлоша во последните 60 години.
Во Кина, на 22 јануари, температурите во Мохе, град на североисток, се спуштија на минус 53 степени Целзиусови, што е рекорд за најниска температура во земјата.
Соединетите држави и Кина оваа недела во Пекинг одржуваат разговори на нивните претставници за климата за борбата против глобалното затоплување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…