Страшно невреме ја зафати Хрватска: На сила е црвен метеоролошки аларм

t

Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот Велебит и подрачјето на Централна Далмација, каде се очекува силно невреме со ветрови со урагански сили до 185 километри на час.

Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод, исто така, предупреди на можни штети по инфраструктурата и здравствени опасности од ваквото невреме.

Истовремено, големо количество снег наврна и во Лика, каде во текот на денот се очекуваат температури меѓу нула и четири степени.

Бурните ветрови и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, дел од земјата е покриен со снег, а ветровите со урагански сили го вклучија метеоролошкиот аларм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци

Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците

Историски најголема исплата на субвенции Претседателот на…

Страшно невреме ја зафати Хрватска: На сила…

Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот…

ДПИ на терен, се вршат контроли на…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен…

Украина: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден…

Директорот на украинскиот Центар за борба против…