Страшно: Речиси 60.000 луѓе во Кина починале од Ковид-19 изминатиов месец

t

Кина денеска соопшти дека речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако државата ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција на коронавирусот на почетокот на декември.

Меѓу 8 декември и 12 јануари, вкупно 59.938 луѓе со просечна возраст од 80,3 години починале во кинеските болници од коронавирус, рече на брифингот со новинарите директорката на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, Џиао Јахуи.

Таа рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на коронавирус и други болести.

Кога станува збор за починатите, 90,1 отсто биле на возраст од над 65 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…