СТРАШНО: Службите СПРЕЧУВАЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ, во 2021 спречиле и бомбаш самоубиец

t

Терористички акти кои се подготвувале на одредени локации во државата, како и напад врз комерцијален објект со користење на експлозивен појас кај нас и во странство, биле спречени од страна на Агенцијата за разузнавање во соработка со домашните безбедносни институции и партнерските разузнавачки служби од држави-членки на НАТО во изминатите три години, велат од Агенцијата за разузнавање за РСЕ.

Прв пат за овие закани јавноста дозна од претседателот Стево Пендаровски кој во новогодишното обраќање во Собранието на крајот на декември рече дека по добиените податоци од НАТО, во најмалку три наврати, изминативе години биле пресретнати терористички напади во подготвителните фази кои се одвивале надвор од нашата територија.

Агенцијата за разузнавање за РСЕ вели дека во соработка со безбедносни служби на земји членки на НАТО биле спречени терористички напади во Македонија и во соседството во кои биле инволвирани поддржувачи на екстремистичката идеологија на ИСИС. Дел од нив биле претходно осудени за тероризам.

Првите планирани напади биле спречени во текот на 2020 година кога била разбиена терористичка ќелија која имала намера да изврши терористички акти на одредени локации во Северна Македонија.

Наредната 2021 година македонската Агенцијата за разузнавање предупредила за делување на автономни ќелии на терористички организации од кризните подрачја (Сирија и Ирак), кои вршеле регрутирање на лица и планирање на терористички акти во земјите од Балканот и ЕУ. Во некои соседни балкански земји, без да наведат во кои, од Агенцијата велат дека ќелиите биле разбиени во неколку полициски акции и нивните припадници биле уапсени.

Истата година македонските безбедносни служби, по добивање на разузнавачки информации спречиле самоубиствен бомбашки напад кој го планирал поранешен осуденик.

Во соработка со партнерска служба од една соседна земја на крајот од 2021 и почетокот на 2022 година, Агенцијата за разузнавање учествувала и во откривањето и делување на екстремно-криминална и високо радикализирана група. По нејзиното откривање бил упасен водачот на групата, но не се открива во која соседна држава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…