Стружани останаа без вода за пиење
Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.
Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ – Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравственобезбедна и не треба да се користи за пиење.
Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, стои во информацијата на ЦЈЗ – Охрид.
Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена.
Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…