Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило

t

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удрило товарно возило управувано од Н.О. (57) од Струга.

– На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од село Мислодежда, струшко. По несреќата И.И. била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала, посочуваат од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а во 21:40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стружанка почина откако во неа удрило товарно…

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница…

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај…

Ограничувања за летови се воведени од безбедносни…

ЕУ не ги прифаќа новите царини на…

Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски…

Нов услов од Вашингтон, Иран има 48…

Соединетите Американски Држави се подготвени да одржат…

Македонците лани уплатиле 2,8 милијарди евра во…

Граѓаните минатата година уплатиле околу 2,8 милијарди…