Струмичанецот Зоран Јовановски ќе настапи на Зимските параолимписки игри Милано – Кортина 2026
Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада, откако беше потврден неговиот настап на Зимски параолимписки игри Милано – Кортина 2026.
Информацијата ја соопшти Скијачката Федерација на Македонија, истакнувајќи дека станува збор за историски чекор за македонските скијачки спортови и значаен успех за параспортот во државата.
Од Федерацијата потенцираат дека настапот на Јовановски претставува доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можат да се поместуваат границите и да се испишуваат нови страници во спортската историја на Македонија.
Овој успех, како што се наведува, е резултат на долгогодишна работа, поддршка и вложување во развојот на параскијањето во земјата, упатувајќи јавна благодарност до тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалноста, посветеноста и вербата, и за Вангел Тркаљанов, кој го донесе параскијањето во државата и организираше повеќе од 20 скијачки кампови.
Од Федерацијата нагласуваат дека остануваат цврсто посветени на развојот на скијачките спортови, создавање еднакви можности и градење систем што ќе овозможи нови генерации спортисти да стигнат до најголемите светски сцени.
Со овој настап, Струмица и Македонија ќе добијат свој претставник на најголемата зимска спортска сцена за спортисти со попреченост – момент што веќе се оценува како историски за македонскиот спорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Струмичанецот Зоран Јовановски ќе настапи на Зимските…
Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски…
Гореа викендица, куќа и оџаци – утрово…
Струмичките пожарникари денеска со полни раце работа.…
„Здрава котлина“ најави мирна блокада во Струмица…
Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ најави дека денес,…
Лишен од слобода бегалец од затворот во…
На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш,…
Кривична пријава за „даночно затајување“ против правно…
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…