Струмичките пожарникари за првпат добија 80.000 денари плата
Во Струмица денеска е исплатена платата од 80.000 денари за пожарникарите, откако градоначалникот Костадинов го спроведе ветеното покачување.
– За мене зборот е збор.
Нема ништо повредно од мотивирани работници со елан за работа.
Токму таков беше мојот тим секој еден вработен во Општина Струмица.
Денеска ја исплативме платата од 80.000 денари за нашите пожарникари-спасители. Како што ветив Струмица има највисоко платени пожарникари-спасители во државата.
Имаме и највисоко платена администрација во Македонија.
K-15 е исплатен четири години по ред, што дополнително го мотивираше тимот.
Драги мои, вака јас го разбирам социјалдемократскиот аспект во моето општествено делување.
Многумина не ми веруваа, многумина посакуваа да не успеам во намерата да ги зголемам платите. Некои ме убедуваа дека не треба да верувам на синдикатот. Но тоа не е мојот начин на делување.
Денес моето ветување е реализирано и видливо.
Ви благодарам на сите што бевте до мене во служба на граѓанките и граѓаните на Струмица.
Од срце за Струмица.
Продолжуваме напред! – напиша Костадинов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Струмичките пожарникари за првпат добија 80.000 денари…
Во Струмица денеска е исплатена платата од…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
(Видео) Кузеска: Нов скандал на Владата –…
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не…
Уапсен струмичанец, подметнал пожар на нива
Приведено лице од струмичко кое подметнало пожар…
Им ја плативме кампањата? Мицкоски троши МИЛИОН…
Генералниот секретаријат на Владата троши речиси МИЛИОН…