Објавено на:

Студена војна: Кинески хакери упаднале во американските системи за прислушување

t

Кинески хакери пристапиле до мрежите на американските провајдери на широкопојасен интернет и добиле информации од системите што ги користи федералната влада за прислушување овластено од судот, објави во саботата The Wall Street Journal.

Хакерите, меѓу другите, ги пробиле телекомуникациските компании „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“. Неодамна беше откриен хакирањето на мрежите на овие компании, објави WSJ, повикувајќи се на упатени извори.

Според WSJ, хакерите можеби со месеци имале пристап до мрежната инфраструктура што овие компании ја користат за да соработуваат со американските судови во барањето комуникациски податоци.

Во напосот на WSJ, исто така, се тврди дека хакерите пристапиле и до други сегменти од интернет сообраќајот.

Кинеското Министерство за надворешни работи во неделата одговори дека не знае за нападот опишан во написот на WSJ, додавајќи дека САД во минатото биле познати по тоа што „измислувале лажни приказни“ за да ја обвинат Кина.

„Во време кога сајбер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, овој погрешен пристап само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница заеднички да одговори на предизвикот преку дијалог и соработка“, одговори кинеското министерство за Reuters.

Во продолжение WSJ пишува дека нападот го извршила кинеска хакерска група со цел да собере разузнавачки информации.

Американските истражители овој напад го нарекоа „Salt Typhoon“. Претходно оваа година, американските власти открија голема кинеска хакерска група наречена „Flax Typhoon“, неколку месеци откако се соочија со Пекинг поради обемна сајбер шпионажа во кампањата наречена „Volt Typhoon“.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека кинеските агенции за сајбер безбедност пронашле и објавиле докази кои покажуваат дека „Volt Typhoon“ е дело на „меѓународна организација за изнудување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…