Студентите победија: Вратени старите цени за сместување и исхрана во студентските домови

t

Државниот Студентски Дом „Скопје“ – Скопје на седницата на Управен Одбор одржана на ден 18.09.2023 година, а по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири, донел одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години. Оттаму напоменуваат дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.

По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е истите да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови. Вчера од МОН соопштија дека нема да дозволат покачување на цените за сместување преку самоволие и непочитување на прописите. МОН потенцира дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето.

Студентски отпор пред два дена соопшти дека во новата академска 2023/24 година студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, наведувајќи дека месечната кирија во студентските домови се зголемила на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…