Студентите ќе ги поддржат средношколците: Протест пред МОН во петок!
Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.
Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:
– Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
– Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
– Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
– Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
– Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
– Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
– Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
– Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.
Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.
Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Кошаркарките од Крива Паланка се средношколски државни…
Средношколскиот кошаркарски тим на СОУ „Ѓорче Петров“…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…