Студенти пазете се: Џепчија во гужвите украл телефон на автобуската кај МАНУ

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка Кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство.

На 04.02.2022 година, на автобуската станица пред зградата на МАНУ, на дрзок начин одзел еден мобилен телефон во вредност од 20.000 денари. Тој го искористил невниманието на оштетената и толпата патници кои влегувале во автобусот и во моментот кога оштетната го ставила мобилниот телефон во десниот џеб од својата јакна, осомничениот се втурнал во нејзина близина на скалите при влезот во автобусот, со раката го извлекол и зел мобилниот телефон од џебот, со намера противправно да го присвои. Потоа веднаш се симнал од автобусот, се свртел и почнал да се движи по тротоарот, но бил забележан и задржан од полициски службеници, лишен од слобода и спроведен во полициска станица. ​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…

Непознати лица украле машини на компанија која…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…